МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Интегрален текст:

„Почитувани.Република Македонија целосно потфрли во справување со Корона вирусот. Надлежните потфрлија во сите параметри пред се во откривањето на заразени лица,бројот на спроведени тестирања и ефикасноста во спроведувањето на мерките.За жал имаме најмногу заболени и починати лица на еден милион жители.Од ден на ден се зголемува бројката на новозаболени медицински лица кои лавовски и пожртвувано се борат со пандемијата по јавните здравствени институции.Кога дополнително не убедуваа дека вирусот слабее и министерот Филипче не убедуваше дека епидемијата е ставена под контрола се тргна монтажната болница пред инфективната клиника,за да истата биде повторно монтирана пред 3 дена.Почитувани, кавадаречката јавност треба да знае зошто се отвара КОВИД 19 одделение за прием на дијагностицирани пациенти кога до сега во неа немаше инфективно одделение туку функционираше само со инфективна амбуланта и дали може да функционира КОВИД одделение со само еден инфектолог.Дали не сметате дека со оваа одлука за формирање на Ковид 19 болница во Кавадарци ќе се зголеми стравот кај нашите сограѓани за пружање на основни здравствени услуги надвор од вирусот КВИД 19.Благодарение на свеста,почитувањето и спроведувањето на превентивните мерки на кавадарчани ние како град релативно успешно се справуваме со овој вирус.Нашата болница е преполна со пациенти со останати заболувања,не само од Кавадарци туку и од околните градови.Со формирањето на КОВИД 19 болницата поради неспособноста на владата на сдсм се доведува во прашање здравјето на граѓаните од останатите групи на заболени лица.Одговорност мора да има,бидејќи здравјето на граѓаните е пред се!„ се наведува на Пресот на ОК на ВМРО-ДМНЕ Кавадарци.