МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Кавадарци ќе сувенционира печење на ракија на плин место на дрва Toa значи 100% ќе им биде покриен трошокот на кавадарчани кои ќе го сменат механизмот за загревање на казаните. Целта е намалување на загадувањето.

-Бидејќи според нашите анализи најголем загадувач во овој период се луѓето кои печат ракија, решивме да им помогнеме во намалување на нивните трошоци. Така наместо со дрва, лозанки, крпи и пластични материи, печењето на ракија да го обават користејќи го најеколошкото средство со кое располагаме, а тоа е плинот. Доколку ова се повторува во континуитет неколку години, доколку стигнеме до поголем процент на луѓе кои ќе користат плин за печење на ракија, тогаш мислам дека ќе имаме многу ниско ниво на загадување,вели градоначалникот Александар Панов.

Мерка ќе се донесе веќе на наредната сеница на Советот на општината, која треба да се одржи на 15 ноември. Тој појасни дека по набавката и инсталирањето на новиот механизам за загревање на казаните од страна на корисниците, целокупниот платен износ со соодветна финансиска документација, ќе треба да ги достават до локалната самоуправа, која пак во најбрз можен рок ќе им ги врати вложените пари.