(ВИДЕО) ПОЧЕТОК НА ПОЛИТИЧКАТА КАМПАЊА НА КОАЛИЦИЈАТА ПРЕДВОДЕНА ОД ВМРО-ДПМНЕ- ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА
ПОЧЕТОК НА ПОЛИТИЧКАТА КАМПАЊА НА КОАЛИЦИЈАТА ПРЕДВОДЕНА ОД ВМРО-ДПМНЕ- ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА-Зоран Јованчев и кандидатите за пратеници од Општините од Тиквешијата
„Почитувани,
Со почетокот на изборната кампања сакаме директно и недвосмислено да им порачаме на сите раководители на државни институции од Тиквешкиот регион да на се обидуваат да бидат купувачи на гласови на Зоран Заев. Ова особено важи за сите полициски началници и слжбеници кои беа дел од клиентелизмот на Оливер Спасовски. Ниедно негово тапкање по рамо да бркате работа бидејќи тој стои позади вас нема да ви се исплати. Ниедна синдикална функција или фамилијарна блискост нема да ве штити од кривична одговорност ако бидете фатени како вршите притисок или кампања додека сте чувари на редот и мирот на граѓаните. Нашите општини се преплавени од мигранти на чии криумчари крајно време е да престанете да им помагате. Истото се однесува и на сите вработени во Јавните претпријатија, Македонски шуми и сите нејзини подружници, Електростопанство и сите нејзини подружници општински претпријатија, градинки и училишта. Заев деновиве ги пушта низ вода и многу покрупните негови соработници од вас па затоа не се ни обидувајте да му помогнете. Во спротивно секоја ваша уцена или притисок за гласање ќе биде јавно објавена и пријавена пред органите на прогон. Македонија не е Заевистан, за да правите онака како што тој ви наложува„.