МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Два регистрирани случаи позитивни на Ковид-19

СООПШТЕНЕИЕ ОД ДРЕКСМАЈЕР:

„Пандемијата на коронавирусот за жал не стивнува - како на глобално, така и на локално ниво. Изминатите неколку денови во нашата компанија се регистрирани двајца вработени позитивни на коронавирус, чии случаи не се поврзани меѓусебно.

Вработените изминатите денови не доаѓаа на работа и се заразиле преку контакти во нивното приватно опкружување.

И за двата случаи го контактиравме одговорниот епидемиолог во Општина Кавадарци и ги следиме дадените насоки и упатства. Веднаш по добивање на информацијата беа испратени во домашна самоизолација сите вработени кои според работните места се наоѓаат во непосредна близина.

Компанијата го следи својот изготвен план за справување со евентуален инфициран вработен и има изготвено протокол со кој би ги заштитиле и изолорале останатите засегнати колеги.

И понатаму здравјето и безбедноста на нашите вработени остануваат врвен приоритет. Вниманието на оваа тема во компанијата е на највисоко ниво од самиот почеток. Постојано сме во контакт со надлежните здравствени институции, ги спроведуваме сите превентивни мерки за заштита, како и дополнителни интерни протоколи наложени од нашата централа во Германија, а според насоките на Роберт Кох Институтот.

Совесно и одговорно однесување и покрај преземањето на бројни мерки и активности, сепак една од најважните мерки на заштита останува совесното однесување и делување на секој од нас. За ова вработените постојано се информираат дека самозаштитата почнува од напуштање на домот, за време на работата, но и во слободното време. Токму затоа постојано посочуваме дека треба да се следат препораките на здравствените институции. Апелираме на зголемување на свесноста за самозаштита и совесно однесување на сите граѓани, а секако и на нашите вработени.

Во прилог ДРЕКСЛАЈЕР ве информира и за преземените заштитни мерки од почетокот на пандемијата

на Ковид-19.

- Дрекслмајер обезбедува доволни количини на заштитни маски за секој вработен. Преку 200.000 маски (за еднократна и повеќекратна употреба) се набавени во изминатиот период. -Задолжително носење на заштитни маски и држење на соодветна дистанца е контролирано од тим на вработени чиј ангажман е постојано надгледување и контролирање на вработените во фабриката.

- Транспортот за вработените се одвива со 50 проценти исполнет капацитет. При влез во автобусите, но и на влез во фабриката задолжително се мери телесна температура со бесконтактен термометар.

- Редовно дезинфицирање

-Задолжително е дезинфицирање на рацете и обувките при влез во фабриката. Во континуитет обезбедуваме големи количини на средства за дезинфекција, а пунктови за дезинфицирање на раце се поставени на сите површини и простории во фабриката.

-Редовно се дезинфицираат и фабричките простории, производствени хали, канцеларии, кафе-автомати, кујни, пушачки зони и сите останати простори.

- Плексиглас заштита -онаму каде не е можно да се одржи соодветно растојание и каде што дозволува просторот поставена е дополнителна заштита

– плексиглас паравани. Тие се поставени во кантините и во одредени оддели каде не може постојано да се одржува соодветна дистанца.

Како потсетник за вработените, поставени се ознаки на повеќе локации во фабриката за одржување на минимум растојание помеѓу вработените.

- Просторија за изолација .Нашата компанија има дополнителни внатрешни протоколи кои гарантираат зголемени мерки за заштита и превенција од ширење на коронавирусот. За евентуален сомнителен случај на инфицирано лице обезбедена е посебна просторија за привремена изолација, сѐ додека лицето не ги напушти фабричките простории. Оваа просторија е максимално опремена со сите потребни заштитни средства и би се користела во стриктно одредени случаи.„ се наведува во соопштението од ДММ.

м.д.