МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општината Кавадарци преку ангажираната фирма „МЗТ-Битола“ деновиве реализираше уште еден комунален проектот.

„Се изврши целосна реконструкција на покривот на зградата на Спомен домот „12 Другари“ во Ваташа.

Наместо старата и дотраена ќерамида се постави лим, а реконструкцијата опфати санирање на сачокот, како и замена на старите олуци со нови.

Со овој зафат општината ја заокружи реконструкцијата на Спомен домот во Ваташа, која започна минатата година кога во пресрет на јубилејот 75 години од стрелањето на 12 младинци, беа реконструирани просториите и салата во домот каде се одржа и свечената академија.

Оваа рекоснтрукција на домот во Ваташа е прва после 35 години.„- соопштуваат од Кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

66268035000000000000000.jpg