МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦА „БАБУНА“

Започна реконструкција на ул. „Бабуна“ во должина од 180метри, со намена за промена на подземната инфрасруктура ;со профил Ф315 - фекална канализација и 100 метра, со профил Ф315 -атмосферска канализација. Ќе се реши долгогодишниот проблем со фекалната канализација на ул. „Бабуна“ која моментално минува низ приватни дворови, а воедно и со атмосферските води кои често причинуваат штети на граѓаните кои живеат на таа улица.По завршувањето на работите ровот ќе биде целосно саниран- асфалтиран односно вратен во првобитна состојба.Инвеститор и изведувач на работите е ЈП Комуналец Кавадарци

ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА ВО СЕЛО МАРЕНА

Станува збор за решавање на долгогодишен проблем со фекална канализација за неколку семејни куќи (спроти училиштето) кои до сега канализацијата му истекувала во долот. Со овој потег канализациите од овие куќи се прифаќаат во една главна , и се приклучуваат во новиот колекторски систем. Должината на оваа реконстуркција е околу 100м, и инвеститор и изведувач на работите е ЈП Комуналец - Кавадарци.

110065276_2789848754572501_5876040731488157907_n