ДОПОЛНИТЕЛЕН ПЕШАЧКИ ОСТРОВ КАЈ НОВИОТ СЕМАФОР
„Оформувањето на новиот семафор како сообраќајно решение на раскрсницата меѓу булеварот „Никола Минчев“ со булевар „Македонија“ е во крајна фаза.
Деновиве завршија градежните работи од доградбата на два пешачки острови по средината на булеварот „Никола Минчев“.
Тој дел од пешачките премини пред поставувањето на семафорот беше на нивото на коловозната лента. Сега таму се вградија рабници кои ќе бидат означени со жолто црни испрекинати линии согласно хоризонталната патна сигнализација. Во нивниот волумен ќе се постават бекатон коцки кои ќе формираат два нови острови за одмор на пешаците. Островите ќе имаат задача и да го спречат непрописното полукружно свртувања на несовесните возачи.
Согласно режимот на работа на семафорот, пешаците на тоа место го минуваат булеварот на два пати со одмор на средината.
Општината со овој зафат го подига нивото на безбедност на печаците во сообраќајот на раскрсницата,се вели во соопштението кое ни е доставено од кабинет на Градоначалник М-р Митко Јанчев