МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Обединети под бројот пет, петтемина големи ликовни уметници и пријатели Владимир Темков, Данчо Ордев, Илија Кочовски, Димитар Мичо Кочевски и Драган Најденовски, вечерва пред кавадаречката јавност на заедничка изложба промовираа мал дел од својот најнов ликовен опус.Обраќајќи се пред присутната публика од позиција на учесник, но и организатор на изложбата, Владимир Темков честитајќи им го на присутните празникот Свети Климент Охридски на присутните, напомена дека Кавадарци отсекогаш бил расадник на уметници од врвен калибар, овој пат посочувајќи ги театарската критичарка Лилјана Мазова и обоистката Гордана Јосифова-Неделковска кои денес ја добија државната награда „Свети Климент Охридски“.Во продолжение, за изложбата која носеше наслов „Ликовна група 5“ зборуваше професорот Данчо Ордев, кој меѓу другото рече дека почитта и пријателството помеѓу сите петтмина автори е огромно. Во продолжение, Ордев кој е професор во пензија, потенцираше дека изложбата во ваков формат е достојна да биде поставена во било која светска галерија, затоа што се работи за дела од пет врвни македонски автори.Изложбата беше збогатена со настап на млади пијанисти и солисти, како и со промоција на новите вина од сортата „Станушина“ на винаријата „Наумчеви“ и говор на боемот Душко Стефанов.