Раде Петровиќ пред 42 години дошол во Кавадарци од Осиек и тука останал за да биде заедно со Цветанка(Цеца).Живеат убав и складен брак.Со мислите се постојано за нивната keрка Драгица koја живее и работи во Лондон.
Но за семејството Петровиќ, и за умешноста на Раде и Цеца сакаме да кажеме неколку збора само во контекс на една стара корисна работа која порано секое македонско семејствои ја правеше во зимскиот период.Денес тоа е поретко се прави но сметаме дека е добро да се потсетиме на ползата од консумирање зелка во расол пред се од здравствени причини.Таквата зелка изобилува со витамин ЦЕ и е лек за многу болести. Намерата ни преку примерот на Раде и Цеца да ве натераме на направите и јадете зелка расолница.
Во ставањето на зелка во расол, семејството Петровиќ се умешни бидејки тоа го прават над 40 години.Ги „начекавме“во дворот како ја полниат кацата од 100 литри, со веке купена измиена зелка од околу 50-сетина килограми.И како Раде тој го прави тоа:Го вади кочанот од секоја зелка.Го полни со морска јадра сол и ја положува зелката во кацата со делот на кочанот нагоре.Ја залива со чиста вода.Сега времето е погодно за ставање зелка во расол, затоа што е студено особено навечер кога температурата паѓа и под 0 степени.На студено зелката и побрзо стасува за јадење.Овој начин на складирање на зелката го научил од неговата мајка пред 42 години кога дури од Осиек донел каца со зелка, која била жолта по боја, вкусна, и денеска со Цеца се потсетија на тоа време. На здравје нека им е зелката расолница:
Затоа што:
Народната медицина одамна ја препознала лековитата моќ на зелката. Нејзиното користење се советува кај анемичните луѓе (слабокрвните), а воедно претставува и природен антисептик, надоместувајќи ги изгубените витамини и минерали.
Зелката е силен диуретик, природен лаксатив, а благотворно дејствува и на чир на желудникот и на дванаесетпалачното црево. Покрај сето тоа, таа е вистински спасител кој ја ублажува хроничната кашлица, како и утринскиот мамурлак. Исто така, лицата кои консумираат два или повеќе пати неделно зелка, се тројно помалку подложени на ризик да заболат од рак на дебелото црево, за разлика од оние кои воопшто не ја јадат.
Сокот од зелка или расолницата особено се цени како лековит препарат. Расолницата од кисела зелка е народно средство за лекување на наглувоста како последица на воспаление на увото.Во случај на наглувост се препорачува лековит рецепт за кој е потребна чиста мала памучна крпа или парче памук натопен во расол. Откако крпчето или памукот убаво ќе се натопи во расолницата треба да се стави во увото на болниот пред спиење. Доколку не е повредено тапанчето, слухот набрзо ќе се поправи.
Расолницата или сокот од киселата зелка, е исклучителен пијалак против тегобите во дигестивниот тракт или против отечените нозе. Расолницата во комбинација со сокот од морков или репка е одличен за сите луѓе со дијагностициран недостиг на калциум и за оние кои страдаат од остеопороза. Сокот од киселата зелка е, исто така, одличен пијалак за лицата со чир на желудникот или со воспаление на дебелото црево. Расолницата изобилува со витамин Ц и У кој има силно антивоспалително дејство.
Таа е одлично средство за побрзо закрепнување по мамурлакот кој настапува како резултат на бурната ноќ исполнета со алкохол.Инаку, расолницата го снабдува организмот со натриум, ги чисти цревата и се користи како средство против запек. Освен тоа, комбинацијата на расолница и маслиново масло е добитна комбинација против камен во жолчката.