Лето е, температурите одат и дo 35-40°C. степени.

Како институции и поединци, како граѓани, да не ги заборавиме обврските и должноста да ги сочуваме шумите и природата од пожари. Посебно треба да се внимава кога сте на отворен простор, да не се пали оган без потреба, да не се фрлаат опушоци од цигари. Ако се запали оган или скара, да не се замине од местото додека не се осигурате дека огнот е целосно изгаснат. Доколку забележете било каков оган во природа веднаш пријавете на тел.број 193. Секој пожар ако е во почетна фаза може да се изгаси со мала количина на вода. Бидете совесни, чувајте ги шумите, тие се белите дробови на природата! Поради состојбата со Ковид 19, потоа парламентарните избори, изостанаа сите состаноци на релевантните институции во врска со летната сезона и превенцијата од пожари, што не значи дека треба да ги прескокниме нашите обврски. Дајте го својот придонес со заедничко соопштение, апел и едукација на граѓаните преку медиумите, потоа во вашите организации и компании и со плакати и едукативни флаери во вашите месни заедници, посебно во пресрет на Илинденските празници и продолжениот викенд кога ќе има многу излетници по викендичките во шума или на Тиквешкото езеро.

Димитра Каракулев -Инспектор за превентивни работи во МРВ

116431608_10223321845410356_2690230379578686429_n 116335083_10223321845690363_1882012497775620884_o