Најновата информација која се однесува на последните 24 часа која ја добивме од ЦЈЗ Кавадарци- говори за нови 10 позитивни на Ковид 19 на возраст од 9 до 69 години.

Еден граѓанин е позитивен во Неготино .Тој е на возраст од 69 години и се наоѓа на болничко лекување. Останатите од Кавадарци се со лесна клиничка слика и се наоѓаат дома во самоизолација.