-Одржување на гранитни коцки и поплочени површини на територијата на Општина Кавадарци во соработка со ЈП Комунулец. Денес се работи на ул.Цано Поп-Ристов. 118035193_2814449918779051_5108578903740661247_o -Денес се започна со реконструкција на ул.Даме Груев. Инвеститор и изведувач на проектот е ЈП Комуналец. Со реконструкцијата се предвидува промена на водоводна линија ф110, промена на фекална линија ф315 и промена на атмосферска линија ф250 со должина од 200 метри. На крајот ќе се постават и приклучоци за сите куќи на оваа улица. По завршување на овој проект ќе се започне со реализација на проект за асфалтирање на улицата. 118162855_2814451302112246_6527647875048621246_o -Градежни активности на булевар Кочо Рацин. Се врши поплочување на 350 метри квадратни на пристапни патеки. Изведувач на проектот е Градба промет. Денес се поставуваат нови рабници и ќе се изврши и поплочување. По завршување на овој проект ќе се постави и целосно ново улично осветлување со поставување на 17 нови канделабри. 118006453_2814454318778611_8358117724459357480_o