МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Осумнаесет средношколци од СОУ „Киро Спанџов-Брко“ во Кавадарци ја завршијапрактичната настава од областа Индустриска мехатроника според германски моделна дуално стручно образование. Неколкумина од нив веќе ги потпишаа своите првиработни договори со компанијата Дрекслмајер.

- Втората генерација завршени средношколци кои три годиниследеа настава според германскиот модел на дуално стручно образование добијасертификат за Техничар за индустриска мехатроника. Дел од завршените средношколцивеќе имаат можност стекнатото знаење да го применат на своето работно место воДрекслмајер. Учениците покрај редовната настава во СОУ „Киро Спанџов – Брко“ посетувааи практична настава во современо опремена работилница во рамки на компанијата.„Голем дел од учениците се мотивирани да продолжат со своето формално образование исе надеваме дека подоцна повторно ќе ни се придружат во компанијата. Но, горд сум штонеколкумина од завршените средношколци се решија својата професионална кариера да јаградат во Дрекслмајер и тие веќе се дел од нашиот тим“, истакна Славчо Дамјаноски, тренерза стручна настава, при потпишувањето на договорите за работа со идните Дрекслмајервработени.Димитар Спанџов е еден од учениците кој ќе ја продолжи својата професионална кариера воОдделот Сервисно инженерство како Помлад сервис техничар. Тој покажуваше одличнирезултати изминатите години и зад него има неколку успешни проекти. За новото поглавје вонеговиот личен развој истакна: „Техничкото образование отсекогаш беше голем предизвикза мене. Низ практични примери и настава брзо учев и ги совладував темите поврзани соИндустрискaта мехатроника. Драго ми е што отсега ќе можам стекнатото знаење да гоприменам во пракса и професионално да се надоградувам“.Дрекслмајер веќе пет години обучува ученици според германскиот модел на дуално стручнообразование. Во соработка со СОУ „Киро Спанџов – Брко“ и Министерството за образованиеи наука, компанијата даде значаен придонес при изготвувањето на наставниот план ипрограма за овој концепт на стручно образование. Инвестирањето во младите и нивниотразвој е инвестирање во иднината.

thumbnail (1) thumbnail