ОД СРЦЕ ЗА ХРИСТИЈАНХУМАНИТАРЕН НАСТАН НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД
Секоја чест за кавадаречките музичари - но не за сите. Ова се однесува на Пикси, Гранде и „синчето“ Ване кои покажаа колку се тесно поврзани музиката и хуманоста. Овие наши музичари, деца на кавадаречката чаршија ,ете дојдоа на идеја со музика да се обидат да му помогнат на семејството Јованови чиј 13 годишен син Христијан боледува од леукемија и потребни се финансии за негово лекување во Љубљана,Словенија. Додека дечките свиреа на градскиот плоштад кавадарчани ја покажаа хуманоста на дело и со донации се вклучија во целиот овој „ивент“. Секоја чест за Пикси, за Граде, за Ване и за сите кавадарчани кои „брцнаа“ малку подлабоко во џебовите и во паричниците , и кој колку може станаа дел од проектот да му се помогне на малиот Христијан, ама баш онака , од срце. Сепак се прашувам - каде беа другите кавадаречки музичари, групи, солисти, инструменталисти, вокалисти и што ли уште не. Зошто и тие не се приклучија кон оваа акција, нема потреба да се организираат поединечни акции кога со своето присуство можеа да придонесат и во овој настан. Можеа да одменат некој, да отсвират нешто заедно или ете да отпеат нешто. А ги има, „бааги“ ги има,само на кој да му текне. Затоа за Пикси,Гранде и Ване капата доле, РЕСПЕКТ, а за другите оние постарите би рекле „УМ ЗА ДРУГПАТ“. За крај и апел до кавадаречката бизнис фела - донирајте, помогнете . Вашите финансии за христијан се детство, младост, иднина.
Инаку во неколку ресторани и кафеани па и фирми се одвива акција за донацијата „Од рце за Кристијан„.
м.в.