ВО ЧЕСТ НА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА ТРАДИЦИОНАЛНО 230 МОТОРЏИИ ДЕНЕС ПРОДЕФИЛИРАА НИЗ КАВАДАРЦИ
Иако во услови на пандемија традиционално како и секоја година,а во чест на денот на независноста , 8-ми септември, Мото Федерацијата на Македонија го организираше мото релито „Македонија - Независност 2020“. 29-то по ред мото рели „Македонија - Независност„ стартуваше вчера во 10 часот во Скопје на Плоштад Македонија а беа спроведени сите мерки за заштита од Корона вирусот. Учесниците вчера возеа на релација Скопје, Штип, Кочани каде имаа пауза за доручек и кафе од 1 час потоа продолжија кон Македонска Каменица, Берово, Струмица каде исто така имаа пауза од 1 час, а ноќеваа во кампот Партизан во Дојран.Денес се возеше од Дојран преку Гевгелија, Неготинои Кавадарци каде 230 моторџии од Македонија и Хрватска направија пауза од 1 час. Градоначалникот Митко Јанчев, ии самиот голем вљубеник во мото сапортот на ја пропушти можноста да гии поздрави со своето приосуство учесниците на релито. Моторџиите потоа продолкжија кон Прилеп И Битола каде ја имаа втората пауза а потоа се ушатија кон Ресен и Охрид каде ке ноќеваат. Утре моторџиите ке тргнат од Охрид во 13.00 часот кон Кичево каде ке направат пауза па преку Стража и Тетово повторно ке завршат во Скопје.
м.в.