МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„Двете страни ќе соработуваат во процесот на изработка на документ „Стратегија за соработка со граѓанскиот сектор 2021-2025 на Општина Кавадарци“. Овој процес ќе има за цел да обезбеди инклузивност и учество на граѓанскиот сектор во процесите на дефинирање на развојните активности и иницијативи на Општина Кавадарци, како и да создаде предуслови за креирање на ефикасни партнерства за поттикнување на граѓанскиот активизам во општината и за развој на локалните граѓански организации. Документот ќе биде подготвен од страна на здружението Форум ЦСИД врз основа на процес на стратешко планирање со кој на консултативен и партиципативен начин, со значителна вклученост на граѓанските организации и општинската администрација ќе се идентификуваат сегашните и идните потреби на граѓанскиот сектор од Општина Кавадарци„- се наведува во соопштението од Кабинетит на градоначалнкот Митко Јанчев.