МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

-“„На 29.07.2024 во ОВР Кавадарци, од болницата во Кавадарци било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од Кавадарци. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при пад од мотоцикл на патот Градско-Прилеп во изградба, во близина на село Сирково.„

-„На 29.07.2024 во 07.10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода З.Н.(53) од Кавадарци. Тој бил затекнат при извршување кражба во продажен објект во Кавадарци, при што одзел повеќе производи. Од вработен бил спречен да побегне, по што бил приведен во полициска станица. Производите биле вратени на сопственикот, за настанот бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава

-“На 30.07.2024 во ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со В.О.(43), Е.В.(29) и Х.В.(34) од Кавадарци. Тие се сомничат дека извршиле кражба од патничко возило и во разговорот го признале делото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде биде поднесена соодветна пријава. “, -Се наведува во денешниот Билтен.