МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„Оперативата на фирмата „Градба промет“ работи на пробивање на Западен булевар на потегот од градските гробишта до спојот со ул.„Ѓоре Брушански“ кај „Кавадаречки дол“. Во оваа прва фаза се работи на делница во вкупна должина од 740 метри, од кои првите 300 метри се целина на коловоз и тротоари, по што улицата се дели на два крака, секој со должина од 240 метри. Според проектот на Општината на оваа делница се реконструира старата подземна инфраструктура на водовод и канализација (фекална и атмосферска), а се поставуваат и целосно нови линии таму каде што има потреба. Во наредниот период ќе следи поставување на рабници и тампонирање, а во завршната фаза улицата ќе се асфалтира. Урбанизацијата на оваа нова улица ќе се заокружи со поставување на нова линија од системот на улично осветлување на високи метални столбови со еколошки и штедливи ЛЕД светилки„-се наведува во известувањети од Кабинетит на кавадаречкот градоначалник Јанчев.

м.д.

121588009_2868936043330438_807630938165428010_n 121612951_2868936036663772_1934365429537112267_n