МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

МЛАДИТЕ КАВАДАРЧАНИ КОИ СЕ ВЉУБЕНИЦИ ВО АДРЕНАЛИНОТ НАМЕСТО ПО УЛИЦИТЕ И ПЛОШТАДОТ СЕГА СИ ИМААТ СОПСТВЕНО КАТЧЕ

Со заеднички сили Општина Кавадарци , Министерството за локана самоуправа и Швајцарската агенција за подршка и развој денес и официјално на младите кавадарчани им подарија уште едно катче каде ке можат да спортуваат да се дружат и едноставно да се разонодат и спортуваат. Денеска и официјално беше пуштен во употреба скејт паркот во рамките на спортскиот комплекс „Јасмин“.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и претставничката на швајцарската амбасада, Мирјана Македонска на отварањето изјавија дека биле скептици на стартот на овој проект, но сега кога гледаат колку млади ги користат бенифитите од овој скејт парк не можат да го скријат задоволството. На отварањето присуствуваше и заменик министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски, претставници на вардарскиот плански регион а беше присутен и Виктор Василевски претседателот на македонските скејтери. Со оглед на фактот што скејт-бордингот влезе во семејството на олимписки спортови а Василевски како судија ке биде наш претставник на олимпијадата во Токио .Тој најави дека многу скоро на овој терен ке можат да се организираат квалитетни натпревари и дека можеби токму од тука ке произлезе некој нов македонски олимпиец.

м.в.

Capture (1) 122003757_336396990982309_117319017212481948_n 122009463_358745458574175_4228062878073623560_n 122037684_794675151351617_281891518994904304_n