МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Kавадарчанката Нели Темкова денеска врзуваше мартинки.

Најчесто самата ги изработува мартинките и им ги подарува на најблиските , за среќа. Многумина ја побараа за да си ги добијат своите мартинки кои треба да им донесат убави моменти во иднина.

-Што да кажам, едноставно ја почитувам традицијата која останала од нашите дедовци и баби, а им ја пренесуваме на нашите наследници. Некои од оние кои порано беа деца и им врзував мартинки сега станаа мајки, па и ним и на нивните деца им го разубавив и овој први март. Кога им ги врзувам мартинките, им пеам песна за баба Марта и им викам, ајде до година пак да се видиме, со здравје, ни рече Темкова.

Кажа дека самата таа мартинката ја носи до крајот на месецов. Така ги учи и другите.

-Постарите велат дека кога некој ќе види ластовица или штрк, треба да ја стави мартинката под камен, тоа е ритуал за да се има пари во животот. Или кога ќе расцути првото дрво, да ја закачиш на него. Но со климатските услови се сменија работите кога е во прашање цутењето на дрвјата, коментираше нашата соговорничка, која призна дека и самата облекува црвено на овој ден, за среќа.

Инаку, за денешниот ден, вообичаено и најмладите од Детската градинка “Рада Поцева” од Кавадарци изработуваа мартинки.