ДО 13 ЧАСОТ СОБРАНИ 23 КРВНИ ЕДИНИЦИ
Денеска во големата сала на Општина Кавадарци се одржа крводарителска акција во организација на ОО на Црвениот Крст Кавадарци и Институтот за трансфузиона медицина (ИТМ) . Организаторот ги превзеде сите мерки за превенција и заштита од Ковид 19: дезинфекција на раце, мерење телесна температура пред да се дарува крв, носење на заштитна опрема , а оние кои изразија желба да даруваат крв мораа да пополнат и Ковид прашалник. Според информациите од лице место до 13 часот беа собрани 23 крвни единици. До крајот на акцијата организаторот очекуваше уште неколку дарители.
Благодарност за сите крводарители кои ја даруваат својата драгоцена течност, а благодарност и до домаќинот Општина Кавадарци за нивното гостопримство.
м.в.