Градежна оператива, ангажирана од Агенцијата за патишта денеска завршува со реализација на проектот за асфалтирање на делница од регионалниот пат Демир Капија-Мушов гроб.
Се работи за асфалтирање на 850 должни метри со широчина на коловозот од 4 метри, на дел од патот кој ги поврзува селата Долна Бошава со Горна Бошава. Согласно проектот асфалтна подлога се постави на излезот од селото Долна Бошава до спојот со бехатон плочите на влезот под село Горна Бошава. Сега од Кавадарци до Горна Бошава се патува по целосно асфалтиран пат кој овозможува побрза и побезбедна комуникација како за жителите, така и за стопанските субјекти од тој регион. Со реализацијата на овој проект значајно се подобри сообраќајната инфраструктура на територијата на општина Кавадарци во комуникација со селата од подкожувјето.
Во наредниот период останува да се асфалтираат преостанатите 5 километри од овој регионален пат помеѓу селата Горна Бошава и Конопиште.