СПОРТИСТИТЕ ОД ЏУДО КЛУБОТ КОЖУВЧАНКА ВО ЗНАК НА ХУМАНОСТ ДОДОДИЈА СОЦИЈАЛНИ ПАКЕТИ
На 28 октомври 1860 год роден е основачот на џудо спортот , Џигоро Кано. Овој ден се слави како Светски ден на џудото а денеска се навршија и точно 160 години од раѓањето на таткото на џудото. По тој повод џудистите ширум светот со пригодни настани го одбележаа овој ден. Според УНЕСКО џудото се категоризира како најпожелен спорт за физичкиот и психичкиот развој на децата на возраст од 4 до 21 год. Членовите на џудо клубот „Кожувчанка“ според препораките на светската џудо федерација во услови на пандемија денешниот ден го одбележаа под мотото „Заедно сме посилни“. Тие денес делеа социјални пакети на социјално ранливите категории граѓани.
Еве што во оваа пригода ни изјави тренерот на ЏК „Кожувчанка“ Марјан Колев (видео).
м.в.