МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Кавадарци преку ангажираната фирма „Градба промет“ урбанизираше запуштен простор под хотел „Балкан“. Според проектот се изврши поплочување со павер елементи на површина од 50 метри квадратни. Претходно на оваа локација се изврши расчистување и подготовка на подлогата со рабници и тампон. Со овој зафат општината обезбеди и дополнителни паркинг места кои сега се во склоп на јавниот паркинг под хотелот „Балкан“. Проектот е дел од заложбите на општината да се интервенира со комунална изградба и на навидум ситните и незначајни површини. Со нивното урбанизирање се врши естетско разубавување и отстранување на неубавите слики во градот.

122962799_2883435335213842_2195764378480271886_n