КУМАНОВО И ФМП ПРИЈАВИЈА ЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНА ВИРУС
Откако екипата на “Куманово“ пријави кошаркари позитивни на коронавирус веднаш потоа се огласи и тимот на „ФМП Академија“ кој во третото коло играше токму против тимот на „Куманово“. По направените тестирања, два играчи од екипата на „ФМП“ се позитивни на вирусот и согласно со протоколот целата екипа мора да оди во изолација и нема да може да настапува во наредните две недели. Согласно со позитивните случаи во „Куманово“ и „ФМП“, како и настапот на „МЗТ Скопје“ и „Работнички“ во регионалната АБА2 Лига, овој викенд се одигра само еден натпревар, и тоа помеѓу „Пелистер„ и „МЗТ Скопје 2“ кој битолчани го добија со убедливи 104-66. Како понатаму е најбитното прашање на кое одговор под итно треба да дадат раководните структури на Федерацијата.
м.в.