МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„Локалната самоуправа ги известува и потсетува граѓаните дека веќе втор ден е во тек акцијата - поделба на известувања низ улиците во градското подрачје, за отстранување на неправилно паркирани моторни возила и приклучна земјоделска механизација од коловозите и тротоарите, согласно Член 84 алинеа 1 и 2 и член 85,86 и 87 од Одлуката за комунален ред. Доколку не постапите по известувањето во горенаведениот рок за истото ќе се изготви решение за отстранување, а отстранувањето ќе се изврши од страна на надлежната служба (пајак служба), и трошокот ќе падне на товар на сторителот на прекршокот. Покрај тоа ќе биде изречена глоба во износ од 50 евра во денарска противвредност согласно член 43 од Законот за комунални дејности.„ СЕ НАВЕДУВА ВО ДЕНЕШНАТА ИНФОРМАЦИЈА ОД КАБИНЕТОТ НА КАВАДАРЕЧКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК.