Под мотото „Растеме заедно“, денеска во дворот на Општа болница Кавадарци беа засaдени 200 млади садници од повеќе видови растенија. Целта на акцијата е да се разубави дворот на болницата и да се придонесе кон подобрување на еколошките услови. Во посета на Општа болница беше градоначалникот Митко Јанчев кој во придружба на директорот на болницата д-р. Диме Коцев учествуваше во реализацијата на овој хуман и благороден настан. Носител на проектот е Невладината одрганизација „BALKAN BRIDGES“ чии претседател Душко Христов ги информираше Јанчев и Коцев за целта со која оваа невладина организација ги донираше средстватa во разеленување на дворот на кавадаречката Општа болница. Позитивен став кон овој хуман гест искажа и Роберто Паризов претседател на „Еко живот“ од Кавадарци. Градоначлникот Јанчев изрази благодарност за донацијата и уште еднаш го потврди ставот на општината во правец на безрезервна поддршка на еколошките проекти. Благодарност искажа и директорот Коцев кој посочи дека раководството на болницата самоиницијативно превзмало активности на расчистување и уредување на дворот со цел да се обезбеди простор каде болните би се чуствувале пријатно. Денес садењето на растенијата го реализираа невладините „BALKAN BRIDGES“ и „Еко живот" со помош на надлежните од општината и ЈП „Комуналец“ . Проектото финансиски е поддржан од Европската Унија.
м.д.
извор: ФБ профил на градоначалник Митко Јанчев