МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На денешната прес конференција кандидатот за пратеник Бетиан Китев го презентира делот од програмата кој се однесува на домашните фирми. „Изминативе 10 години, под власта на ДПМНЕ, домашните компании беа постојано рекетирани, уценувани, без причина казнувани и затварани. По промената на власта тоа ќе престане. Уште во првите 6 месеци ќе ги намалиме казните. Ќе воведеме праведност и кај казните, и кај даноците. Помалите фирми ќе плаќаат пониски казни. Сегашната политика на казнување ги доведува малите компании до затварање со само една изречена казна. Ова не е праведно и ние ќе го промениме. Исто така, фирмите со помал обрт ќе плаќаат помала фирмарина и помали даноци.

Развојот на домашните мали и средни претпријатија ќе биде наш приоритет. Ние ќе обезбедиме силна финансиска подршка за домашните фирми. Ќе го помогнеме нивниот развој со цел заедно да создадеме подобра економска иднина и да отвориме многу нови работни места.Многу земји во Европа практикуваат ваква подршка со голем успех, а ние ќе ги следиме добрите европски примери.

Уште во првите 100 дена од мандатот, ќе ги подмириме долговите од ДДВ и другите обврски на државата кон компаниите, а секоја наредна обврска ќе се плаќа навремено. На овој начин ќе ја подобриме ликвидноста на компаниите.

Понатаму, ќе обезбедиме 140 милиони евра директна подршка на домашните претпријатија. Досега годишно во просек се издвојуваа помалку од 200 илјади евра за подршка на домашните мали и средни претпријатија. Ние сметаме дека тоа е недоволно за развој и затоа уште во првата година ќе ги подржиме домашните фирми со 20 милиони евра, додека во последната година од мандатот за истото ќе издвоиме 50 милиони евра. Ќе обезбедиме и бесплатни деловни простории и услуги за новите компании. Голем број на нови компании на почетокот се соочуваат со неможност да си обезбедат соодветен простор и високи трошоци за одржување на компанијата. Затоа, ние ќе создадеме старт-ап центри во општините каде новите претпријатија ќе можат да добијат бесплатен деловен простор и услуги како одржување, сметководителство и слично.“