Оперативата на фирмата „Градба промет“ заврши со поплочување на три локации од ул.„Браќа Џунови“. Согласно проектот на општината, на делницата од мостот „Слога“ до постојниот асфалт на влезот во „Кадрово маало“ со бехатон коцки се поплочи новопробиена делница од улицата со површина од 400 метри квадратни. Со овој зафат општината урбанизираше дел кој со години беше „слепо црево“ на левиот брег од реката „Луда Мара“. На две соседни локации во склоп на истата јавна набавка се поплочи и тротоар со површина од 173 квадрати, како и пристап до индивидуални станбени објекти со површина од 137 квадратни метри. Општината проектот го реализираше на барање на жителите од овој дел на Кавадарци, кои со децении назад барат да се урбанизира пристап до улицата „Слога“.
извор ; Кабинет на Градоначалник Митко Јанчев