МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Медицинската услуга на мамографот ќе можат да ја користат околу триесет илјади жени од регионот.

За ова информира Орцо Ангеловски, директор на Градската Општа болницата во Кавадарци.

- По дваесетти овој месец најавивме старт со работа на овој апарат и еве тој веќе започна со давањето на медицински услуги во рамките на “мој термин”. Можам да кажам дека веќе е откриен и еден сомнителен случај, соопшти Ангеловски.

Се работи за комплетно нов и најсовремен дигитален мамограф. Кавадарци за прв пат доби ваков апарат.

-Мамографијата е многу важна здравствена услуга заради превенција и рано откривање на рак на дојка кај женската популација. Ракот на дојка е најчесто малигно заболување кај жените. Од овој аспект, јас сум многу задоволен што за прв пат овде ќе може да се дава оваа здравствена услуга и што жените од овој регион нема да бидат принудени да одат и да патуваат во други градови, за да ја добијат оваа услуга, нагласи тогаш министерот.

tocka-207014.jpg

Тој потсети дека порано за ваква услуга мораше да се патува до Велес, Неготино или Скопје. Тоа значеше и финансиско оптеретување и губење на време. А времето, како што рече, во оваа ситуација може да биде сериозно значаен фактор. Затоа што при рано откривање, многу поголеми се шансите да се излечи оваа болест, отколку тоа да се констатира во многу поодмината фаза.

Станува збор за најсовремен апарат од најнова генерација, комплетно дигитален и со многу мало зрачење. Со можност за помош при детекција на промените кои се јавуваат.

Во наредниот период ќе се направат напори да се започне и со скринингот, односно со превенција за рана детекција на ова малигно заболување кај женската популација.

Апаратот набавен од Министерството за здравство е на рентген одделението во болницата.