МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Кавадарци го спроведува под-проектот,, Набавка на асистивна технологија за ученици со посебни образовни потреби”, кој што се реализира во рамките на проектот,,Зајакнување на општинските совети”, а се спроведува од страна Канцеларијата на Обединетите Нации во Скопје. Во рамките на овој проект е предвидено да се набави Асистивна технологија наменета за лицата со посебни образовни потреби, која што ќе им помогне да ги надминат (методолошките)недостатоци при учењето во училницата, со што ќе им се овозможи на овие ученици да работат со своите силни страни и зачувани капацитети, а ќе се минимизираат нивните недостатоци. Проектот е во завршна фаза, и се очекува да заврши кон крајот на месец ноември 2020 година. Асистивната технологија е наменета за ООУ,,Страшо Пинџур,, Кавадарци, за учениците во посебните паралелки во кои се реализира воспитно-образовниот процес на ученици со развојни проблеми и посебни образовни потреби.

извор : Кабинет на Градоначалник Митко Јанчев 127176938_2906317142925661_3591599699422065387_o 127211636_2906317259592316_8593113581000381554_o