Во рамките за напорите за целосна замена на азбестно цементните цефки во градскиот водовод во Кавадарцу а како дел од комуналната програма за 2020 година се започна со реконструкција на водоводна линија (моментално азбестно цементни цефки)) во должина од 50м денеска се започна со ископ за истата .Во наредните денови ќе биде поставено црево ф-63 и ќе се извршат приклучоци на објектите на новата линија. Инвеститор и изведувач е ЈП Комуналец.
А како дел од програмата за комунална изградба за 2020 година, денеска се започна и со проектот за реконструкција на фекална и атмосферска канализација во Глишиќ . Овде се изврши реконструкција на фекална во должина од 120м, ф400 и атмосферска во должина од 400м, ф 400. Инвеститор и изведувач и овде е ЈП Комуналец-Кавадарцим.д.