МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ВО НЕДЕЛА ОД 18 ЧАСОТ ВО КАВАДАРЦИ ГОСТУВА ПЕЛИСТЕР

Кошаркарите стартуваа со првенството но некако тешко им оди. Пауза заради заболени од корона, пауза заради репрезентација, одложени средби. Според планот и програмата викендов треба да се одигра 7 коло а досега екипите одвај одиграа по 3-4 средби. Да се надеваме дека викендов ке се одиграат сите натпревари а според распоредот во недела од 18 часот во салата „Јасмин“ екипата на „ЕуроНикел“ ке го нагости тимот на „Пелистер“. Кавадарчани речиси и да заборавија кога последен пат одиграле натпревар а битолчани пред некој ден во заостанатиот натпревар го декласираа „Вардар“ со преубедливи 122:72. Битолчани имаат квалитетен состав и големи амбиции сезонава но и кавадарчани особено во својата сала ке има што да покажат.

м.в.

130908596_170237061470024_7620655308268233804_n