МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Кавадарци преку ангажираната оператива на фирмата „Градба промет“ денес изврши асфалтирање на коловозот на ул.„Наќо Лазовски“. Нов слој асфалт е поставен во должина од 220 метри. Според планот на Општината претходно беше отстранет стариот асфалт а потоа следеше тампонирање. Проектот е дел од јавната набавка на општината за реконструкција и на коловозната површина на ул.„Иво Андриќ“ и ул.„Доне Попов“ спој со ул.„Григор Прличев“. Вредноста на оваа јвнаа набавка изнесува 5.535.000 денари. Претходна како дел од овој тендер се изврши пробивање и асфалтирање на крак од ул.„Дисанска“. 131682420_2923873161170059_8427956268442925714_n 131895143_2923873104503398_5407398762899813003_n