МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Mузејот е една од трите културни институции во Кавадарци која работи успешно

40 години музејска дејност е повод поради кој беше одржана свечена академија и промоција на фотомонографија „40 години музејска дејност.Ова установа е една трите културни институции во Кавадарци основана во 1973 година, а со работа започнала во 1976 година. Нејзината основна задача и активнос е да прибира, истражува, средува, проучува, чува, објавува и презнетира музејски предмети од сите области на оваа дејност. Музејот во континуитет негува една традиција на добар домаќин, овозможувајќи и на кавадаречката, но и на пошироката публика, да допре на различни начини до уметничкото, културното и историското наследство. истакна дирекотрката на Музејот на Македонија д-р Мирјана Нинчевска.

Дирекоторот Петре Камчевски во своето обраќање пред присутните ги сублимираше највпечатливите моементи и реализирани проекти во сите овие 40 години од постоењето на музејот. Инаку тој заедно со Томе Крстевски енолог во Музејот се автори на фотомонографијата „40 години музејска дејност“.

Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов во обраќањето пред присутните рече дека е создаден значителен опус на творби што тешко ќе бидат надминливи за сите други.

Во музичкиот дел од свечената академија по повод 40 години музејска дејност, настапија дуо „Грациозо“ и триото „Ад либитум“.