МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Прес конференцијатa на ВМРО-ДПМНЕ ОК Кавадарци, беше по повод вечерашниот митинг на коалицијата За подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ на чело со претседателот Никола Груевски.Претседателката на ОК од Кавадарци Горица Пеливанова- Вилхелм ги покани сите граѓани да присуствуваат на митингот кој ќе се одржи на Градскиот Плоштад со почеток од 20:00 часот

15203286_1099697546812796_709763650701974305_n.jpg

Денеска Бетиан Китев-кандидат на СДСМ Кавадарци за пратеник одржа прес, на кој е објавено:

„Македонија според Уставот е социјална држава која треба да се грижи за унапредување на работничките права. Но за жал, изминативе 10 години, под власта на Дпмне, вие најдобро знаете колку беше тешко и неиздржливо да си работник.

Работничките права беа постојано намалувани со неправедни закони, а платата на работниците во Македонија е сеуште меѓу најниските во Европа....

Работникот завзема клучно место во нашата програма ПЛАН ЗА ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА.

20150516-b1f35df2972d65204f5611a68405fc1e.jpg

Како прва мерка, уште во првите 6 месеци, ќе ја зголемиме минималната плата на 12.000 денари. А до крајот на мандатот до 2020 година, се обврзуваме да минималната плата не биде пониска од 16.000 денари за сите работници во Македонија.

Вие работниците го заслужувате тоа! Вашиот труд мора да биде почитуван и вреднуван.

Но покрај минималната, ќе расте и просечната плата. Наша цел, за која се обврзуваме, е до 2020 година просечната плата во Македонија да не биде пониска од 30.000 денари. Тоа е неопходно за приостоен живот во секое семејство.

Правата на работниците мора да се почитуваат! Никој не смее да им крати на работниците од заслужениот годишен одмор, како и од бенефитите кои им следуваат за прекувремена работа. Силно ќе се заложиме тоа да биде почитувано од страна на работодавачите!

Работници и работнички,

Да се избориме заедно на 11 декември за подобар живот стандард за сите. Да се избориме за живот во Македонија!“