По повод 5 мај - Денот на македонскиот јазик, Библиотека „Феткин“ организираше настан со кој што го одбележа празникот. Директорот на библиотеката Петар Гурев, ги пречека децата од големата група од објектот „Сонце„ од Градинката „Рада Поцева“. Тој пред дечињата укажа на важноста од почитување и негување на македонскиот јазик, а потоа му прочита приказни за кириличните букви, македонски народни приказни и приказни за македонските домашни животни.Ден на македонскиот јазик е празник од работен карактер кој се празнува на 5 мај во Македонија. Истиот е прогласен во чест на 5 мај 1945 година кога Владата на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмоДенот 5 мај е прогласен за „Ден на македонскиот јазик“ на 130 седница на Владата, одржана на 16 април 2019 година.Јазикот е најсилно обележие на една нација, за тоа треба да се укаже на неговото значење уште од најрана возраст. - рече директорот Петар Гурев.