МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ЕУРО НИКЕЛ ИМА ШАНСИ ДА СЕ РЕХАБИЛИТИРА БИДЕЈКИ ГО ПРЕЧЕКУВА ПОСЛЕДНОПЛАСИРАНИОТ ТИМ НА МЗТ 2

Викендов се играат средбите од 12 коло од првата машка кошаркарска лига или поточно стартува вториот круг од натпреварите во најелитната конкуренција. Утре, сабота на програмата е само еден натпревар.

Во Кавадарци екипата на „Еуро Никел“ е фаворит во дуелот со фенерџијата, екипата на „МЗТ 2“ која досега има забележао само една првенствена победа. Оваа средба е убава можност за кавадарчани да се вратат на победничките патеки и да го одржат чекорот со екипите од саамиот врв на табелата. Во недела се играат останатите средби. Лидерот „Пелистер“ го пречекува „Кожув кој прокнижи две победи во серија. „Гостивар“ ке има тешка задача со расположениот тим на „ФМП“ а и „Куманово“ немса дса има нималку лесна задача против забревтаниот „ТФТ“. Во дербито на дното, речниот дуел „Црн Дрим“ во Струга го пречекува „Вардар“.

Големото дерби помеѓу вечните ривали „МЗТ“ и „Работнички“ засега е одложен.

м.в.