СЕ ТРЧАШЕ НА 5, 10 И 21 КМ. Во организација на "Меридијан Атлетик Еко" клуб и Локалната самоуправа Кавадарци синоќа се одржа Третиот Кавадаречки Ноќен Полумаратон. Овој настан покажа дека вакви и слични манифестации му се потребни на градот и треба што почесто да се одржуваат. Настанот помина во беспрекорна организација на највисоко можно ниво.Трката стартуваше во 20.00 часот, се одвиваше во Централното градско подрачје а се трчаше на три дистанци на 5, 10 и 21 км. и учествуваа околу 350 тркачи од земјата и странство. Настанот и учесниците ги поздрави лично градоначалникот Митко Јанчев. Организаторите за најдобрите обезбедија и соодветни награди. Победници се сите а на првите три места се пласираа:
5 км. мажи 1. Атанас Епов 2. Мики Попоски 3. Григоријан Никовски 5 км. жени 1. Николина Милевска Вељановска 2. Ана Шикоска 3. Славица Игнатовска
10 км мажи 1. Трајче Илиевски 2. Јован Костовски 3. Стојче Петровски
10 км. жени 1. Марина Домазетовска 2. Талија Петреска 3. Ивана Настовска
Полумаратон мажи 1. Игор Јакимовски 2. Атанас Наумов 3. Игор Стојановски
Полумаратон жени 1. Маја Рајчина 2. Марија Пеликон 3. Јасмина Каркински
Возраст од 40-49 год мажи 1. Игор Јакимовски 2. Игор Стојановски 3. Христифор Пеовски
Возраст 40-49 год. жени 1. Марија Пеликон 2. Јасмина Каркински 3. Славка Дамјанска
Возраст над 50 год. мажи 1. Влатко Гроздановски 2. Благоја Ацковски 3. Трајче Михов
Возраст над 50 год. жени 1. Валентина Узунова М.В.
Претставници од Комисијата за еднакви можности на Општина Кавадарци (КЕМ) и Општина Неготино беа учесници/чки на Кавадаречкиот ноќен полумаратон кој се одржа на 18.06.2021 во Општина Кавадарци.
Борбата за еднакви права меѓу мажите и жените е маратон со историски пропорции. Родовата анализа на КЕМ во однос на бројот на пријавени учесници покажува дека од вкупно 341 учесник на маратонот, 242 се мажи, а 99 се жени. Бројот на пријавени учеснички во однос на претходните години е зголемен што значи дека жените почнуваат активно да се вклучуваат во спортските ативности во заедницата. Исто така родова еднаквост е застапена и во Организациониот одбор на маратонот кој се состои од 4 мажи и 3 жени. Со учеството на маратонот КЕМ испрати силна порака, а тоа е дека треба да се срушат родовите стереотипи со кои се соочуваат жените за помалку моќни и помалку издржливи од мажите, трчајќи еднакво со нив на трка од 5, 10 и 21 км. КЕМ ќе продолжи со активно преземање на чекори насочени кон унапредување на родовата еднаквост и ќе се залага за еднакво учество на жените и мажите во сите области од јавниот и приватниот сектор.
М.В.