МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ПРЕКУ ИКОНИ, ФОТОГРАФИИ И ЕТНОЛОШКО КАТЧЕ КАВАДАРЧАНИ МОЖАТ МНОГУ ДА НАУЧАТ КАКО ВО ТИКВЕШИЈАТА СЕ ПРАЗНУВААТ ЈАНУАРСКИТЕ ПРАЗНИЦИ

Денеска во просториите на Mузеј галеријата во Кавадарци беше отворена изложба насловена како „Јануарски празници и обичаи во Тиквешијата“. Јануари е месец со голем број значајни празници кои се празнуваат со одредени верувања и обичаи. Обичаите и празнувањата не се константни туку се менуваат и видоизменуваат. Во ова своја улога има и модерниот начин на живеење и различните етнографски целини каде обичаите повеке или помалку се разликуваат но сепак датумите на кои се празнуваат сите православни празници насекаде се исти. На отварањето на изложбата говореа директорката на музеј галеријата Весна Ѓорѓиева и кураторите Билјана Галабова кустос историчар на уметноста и Томе Крстевски кустос етнолог.

м.в.

143591560_225730679228820_684440336805768595_n 143593959_4063291183714970_7652326328469216902_o 143660502_434889427633616_7531131184199638149_n 143855272_333039281251480_8548765308705469837_n