Се врши санација на патот од с.Ресава до заливот на Тиквешко езеро со проширување и тампонирање. На оваа локација се наоѓаат околу 100 викендици кои сега ќе имаат побезбеден пристап. Овој проект е донација од општествено одговорната компанија Кожувчанка во вредност од 1 милион денари. На оваа локација во наредниот период Општина Кавадарци ќе постави и нова водоводна линија.
извор; Кабинет на градоначалник Митко Јанчев