Градежната механизација на фирмата „Градба промет“ вчера започна со работа на пробивање на нова улица во Урбаната заедница „Страшо Пинџур“. Градежните работи се дел од проектот за продолжување на ул.„Ѓуро Ѓаковиќ“. Во оваа фаза се отстранува земјата и се оформуваат контурите на улицатa, потоа ќе следи тампонирање и поставување на рабници. Во последната фаза ќе биде извршено поплочување со бехатон коцки (павер елементи). Новата улица се гради на барање на жителите од овој дел на Кавадарци, а јавната набавка е дел од поширок проект на Општина Кавадарци за поплочување и пробивање на неколку улици.
извор :Кабинет на градоначалник Митко Јанчев