Денеска беше одржана советодавна група на граѓани на тема „Да ги заштитиме шумите од пожар„
Се расправаше по однос на бројот на пожарите за првите месеци од 2019 и споредбено со бројот од минатата година.Податоците кои беа изнесени се фрапантни. Лани за цела година имало 273 пожари а годинава само за 2,5 месецу 133.Или за јануари 2 на отворен простор и 35 на објекти, февруари: 22 на отворен оростор 28 на објекти и за 10 дена од март 24 на отворен простор и 9 на објекти.
Во таа смисла целата дискусија на повиканите субјекти и правни лица беше во правец на лревенирање и ефикасно дејствување на сте служби.Во тој правец градоначалникот Митко Јанчев прецизира дека е потребна максимална координација и сосравботка на сите субјекти, однапред познавање на состојбите и материјалните средства со кои се располага не само од специјализираните служби туку и од компаниите кои по закон имаат интерна организација за ваква интервенција.Не смее да затаи ниеден субјект кога е во прашање пожар и притоа да се има координација и покривање на пожарникарите со Полиција и Брза помош.Со свои предлози се вклучија; командирот на ПС од ОН Кавадарци Сашко Димовски, раководителот на Службата за заштита од пожар на ШС „Бор„ Петко Ристовски,преставници за ЦУК, Дирекцијата за заштита и спасување, инспектори, преставници на големи компании и други субјекти.
Организатор на состанокот беше Одделението за превенција при ПС од ОН Кавадарци .