За ова инвестуција се вложени 41.300 евра. „После долго време ги менуваме старите дрвени, со нови ПВЦ прозори во сите чекални, амбуланти и одделенија во нашата установа (истите се 30 години стари). Целата инвестиција изнесува 41.300 евра. Со тоа обезбедуваме одлична топлинска и звучна изолација, меѓутоа и амбиентално пријатна атмосфера како за пациентите, така и за вработените. Истовремено, ќе ги намалиме трошоците за греење на болницата.“ Ова денеска на својот прфил е објавено на ФБ страницата на ЈЗУ Општа Болница со проширена надлежност Кавадарци. Со ова голема инвестиција се решава уште едно прашање поврзано со обезбедувањето на топлинска изолација во овој капитален објект од областа на здравството за Кавадарци и Регионот.