МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

По низата шпекулации, нагодувања и комбинации, а можеби и посакувања, веројатно остануваат без основа некои тврдења за измени во Законот за пензионирање.

„Засега нема да се промени старосната граница на вработените за заминување во пензија“.

Вака денеска на новинарско прашање одговори министерот за финансии, Кирил Миноски додавајќи дека не се размислува и за промена на процентот на социјалните придонеси.

Според законските прописи во Република Македонија, во пензија се оди на 64 години за мажи и 62 години за жени.