НЕКОЛКУ ДЕЛЕГАЦИИ ПОЛОЖИЈА СВЕЖО ЦВЕКЕ НА БИСТАТА НА НАРОДНИОТ ХЕРОЈ ВО ПАРКОТ НА РЕВОЛУЦИЈАТА

Денеска ООУ „Страшо Пинџур“ од Кавадарци го одбележа патрониот празник (денот на раѓањето на херот). За таа цел беше положено свежо цвеќе на спомен бистата на народниот херој во „Паркот на револуцијата“. Цвеке положи делегација на училиштето предводена од директорката Илинка Бакева, делегација на Советот на општина Кавадарци предводена од претседателот Ристо Сакалиев,делегација на секторот за образование и спорт при ЛС предводена од раководителот Зорица Вчкова како и делегација предводена од пратеничката во републичкото собрание Даниела Колева.Пред присутните пригоден говор прочита директоркаста на училиштето Илинка Бакева.

м.в.