Интегрален текст на изјавата на Душица Крстиќ член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци
„Зоран Заев и СДСМ за тригодишниот мандат на власт, на Република Македонија и граѓаните им донесоа само порази, измами, сиромаштија, криминал, хибриден режим и корупција.
Целата јавност е сведок на лошото менаџирање на државата и институциите од страна на функционерите на СДСМ.
Сведоци сме на рекетирање на бизнисмените, криминални милионски тендери склучени во четири очи, криминални иновации од 10 милиони евра преку Фондот за иновации, испумпување на пари од буџетот за задоволување на бизнис интересите на фамилијата Заев и луѓе блиски до нив, делења на марихуана лиценци на високи функционери на СДСМ и луѓе блиски до власта, епидемија од непотизам, вработување на ќерки, синови, сопрузи, роднини од страна на СДСМ во државната и јавната администрација, политичко влијание врз судството и обвинителството, хибриден режим, крахирана македонска економија, руинирано здравство, образование па се до распродажба на националните и државните интереси, промена на уставнотот име на Република Македонија и откажување на македонскиот јазик, идентитет и историја.
Почитувани,
СДСМ и Заев наместо решавање на проблемите на граѓаните, исполнување на ветените проекти им донесоа само лошо на државата и граѓаните. Штетните политики на Заев и СДСМ Нивната неспособност и неодговорност на 15 јули мора да бидат казнети мора да бидат поразени.
Граѓаните и Македонија никогаш нема да ги заборават.
Затоа најпрво ќе ги вклучиме сите ресурси и сите стручни и релевантни лица и институции во интерес на здравјето на нашите граѓани во времево на пандемијата за потоа да го поразиме вториот вирус Заев и СДСМ. Народот ќе избере Обнова на Македонија, наместо измами, закани, криминал, корупција.
Македонија не заборава, и Македонија ќе победи!„- се наведува во изјава на Крстиќ.