МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На Гинеколошко акушерското оддление на Општата Болница- Кавадарци утринава во 5.30 минути беше родено првото бебе ова година.Бебето е машко а мајка е Сања Ганчева од село Криволак-Општина Неготино

Напладне на мала симболична свеченост, директорот на ЈЗУ Општа болница Кавадарци Диме Коцев со д-р Бранко Поповски-началник на Гинеколошко беа домаќини на градоначлникот Митко Јанчев кој дојде со намера да го поздрави првото бебе кое се роди во нашата Регионална болница.

„ Би сакал да им ја честитам првата рожба на родителите. На мајката да и посакам побрзо закрепнување, а на бебето среќно и безгрижно детство. Актот на породување е комплетно под контрола на колегата гинеколог-акушер од клиниката за гинекологија од Скопје кои се наоѓаат во нашата болница“ рече д-р Коцев.

„Сакам да ја честитам новата година за сите граѓани. На првото новороденче да му посакам успех, среќа, здравје и да живее со своите родители. Ние сме Регионална болница и првото новороденче е од Неготино и тоа треба да ни биде гордост што имаме Регионалана болница која со текот на времето треба да се шири. Тука сме да дадеме една симболична подршка и и да се зголемува наталитетот“ рече градоначалникот Јанчев.

Тој нагласи дека општина Кавадарци има на сила мерка за стимулација на наталитетот. Се исплаќаат по 6.000 денари за секое новороденче.

-„Честитки за новогодишните празници за сите.Лани во ова Болница имаме 417 попродува-213 машки, 204 женски.Првото новороденче во Општата болница во Кавадрци на свет го донесе Ганчерва Сања во 5.25 минути , 3.850 грама во одлична здравствена состојба.Уште една пациенка (од Кавадарци) е во сала и очекуваме нејзино породување скоро“ вели д-р Поповски.