Соопштение
Денес во работна посета на Општина Кавадарци беше Министерот за правда Бојан Маричиќ. Министерот го посети Основниот суд во Кавадарци а потоа оствари средба со градоначалникот Митко Јанчев. На средбата се разговараше за општата состојба на Општина Кавадарци како и во делот на правото. Министерот од своја страна се заблагодари за добриот пречек и искажа задоволство дека токму Кавадарци е градот каде што практично започна процесот на дигитализацијата на судовите.
Кабинет на Градоначалник Митко Јанчев.