Утре - петок, на 2 април 2021, со почеток од 19 часот, Театарот при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, премиерно ќе ја изведе претставата за деца “Авантурата на принцезата Лили“, по текст на Мира Станишев, а во адаптација и режија на Микица Илова.Во претставата играат: Кристина Јованова, Александар Видиков, Сашко Орешков, Надица Анѓелкова, Јована Секуловска, Сијче Трајкова и Ана Крстев.Суфлери се Благица Илиева и Валерија Пашова,костимографијата и е доверена на Сара Милевска,музика и светло - Марјан Тодоровски (замена Пепи Ангелов) и сценска поддршка - Диме Темков и тим на Дом на култура Кавадарци.
Со оглед на актуелната пандемија на COVID - 19, ограничен е бројот на публика во салата, односно 30 % од капацитетот на истата. За време на претставата задолжитено е користење на заштитни маски и седење на за тоа одбележаните столчиња.Влезниците за првата реприза на претставата (вторник, 6 април 2021 од 19 часот) по цена од 100 денари, ќе бидат во продажба на билетарницата на Домот на културата пред почетокот на претставата (18-19 часот) со задолжително оддржување дистанца.Влезници за Премиерата поради пандемијата нема во подажба.Напомена: Поради пандемијата претставите започуваат точно во 19 часот.